| | Sitemap | EN | SQ



Придобивките и начинот на користење на FRONT OFFICE-от

Државниот Завод за индустриска сопственост по повод 26 Април, Светскиот ден на интелектуална сопственост, која оваа година се прославува на тема “ Интелектуална сопственост и цели на одржлив развој”, покрај другите активности ќе организира on- line презентација на тема “Придобивките и начинот на користење на FRONT OFFICE-от ”, на 23 април 2024 година.

На презентацијата ќе учествуваат застапниците кои го применуваат овој IP портал за поднесување на пријави на патенти и дополнителни поднесоци, како и вработените во Секторот за патенти.

Целта на одржувањето на овој настан е да се промовира дигиталното поднесување на пријавите на патент пред Заводот.

22.04.2024