| | Sitemap | EN | SQ



30 години Државен завод за индустриска сопственост

На 7ми декември Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија одбележа 30 години од неговото постоење.
Свечениот настан со поздравен говор го отвори г-дин Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија. Потоа директорот на Државниот завод за индустриска сопственост г-дин Блерим Идризи ги поздрави присутните гости и даде краток осврт за досегашните постигнувања и успеси на Заводот. Поздравен говор кон присутните гости имаа: г-дин Хабиб Асан, директор на Оддел за земјите во транзиција и развој на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), г-дин Кристоф Ернст, потпретседател за правни и меѓународни работи на Европската патентна организација, г-дин Ибон Омарзабал, координатор на земјите од европското окружување и кандидатските земји, Сервис за меѓународна соработка при Организацијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO) и првиот директор на Државниот завод за индустриска сопственост, г-дин Ѓорѓи Филипов.

07.12.2023


Галерија на слики