На 1 ноември 2023 година се одржа четвртата седница на Координативното тело за интелектуална сопственост. На состанокот учествуваше и претставник од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство.
На состанокот се разговараше за тековните активности на телото, но исто така, се водеше дискусија околу начинот за сузбивање на електронската нелегална трговија и сузбивање на повредите кои се случуваат на авторските и сродните права, предизвикани од субјекти кои бесправно нудат услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис, спротивно на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.