На 19 и 20 Октомври 2023 година, ќе се одржи 4-то издание на Конференцијата за посредување во Ителектуалната сопственост.
Овој настан има за цел обединување на експерти и практичари со цел да ги истражат најновите трендови и случувања во медијацијата и алтернативното решавање на спорови во областа на интелектуалната сопственост.
Повеќе информации за настанот се достапни на веб-страницата посветена на Конференцијата,линк: https://www.euipo.europa.eu/en/news/ip-mediation-conference-2023.
Државниот завод за индустриска сопственост на Северна Македонија, ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават за учество на горе наведениот линк.