Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост г. Блерим Идризи денеска престојуваше во официјална посета на Тирана, Република Албанија, поточно во канцелариите на Генералниот директорат за индустриска сопственост, каде беше пречекан од генералниот директор за индустриска сопственост, г. Ровена Беќирај.
Целта на оваа средба беше потпишување на договорот за соработка во областа на индустриската сопственост со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји 🇲🇰 🇦🇱.
И двете хомологи изразија меѓусебна подготвеност и добра желба за соработка на ова поле со цел да се зголеми свеста за правата од индустриска сопственост, со што ќе се обезбеди најефикасно спроведување на овие права за соодветните држави.
Во иднина ќе се организираат заеднички активности помеѓу нашите две канцеларии.
На оваа средба учествуваше и генералниот директор на Агенцијата за индустриска сопственост на Република Косово, г. Иса Дукај. Оваа средба беше резултат на многу добра соработка помеѓу нашите три земји.
Трите канцеларии меѓусебно се договорија за организација на активности и координација на заеднички иницијативи, главно насочени кон промоција и свесност за правата од индустриска сопственост, нивна имплементација, но и активности поврзани со унапредување на географските ознаки.