На 9 мај 2023 година се одржа втората седница на Координативното тело за интелектуална сопственост.
Во рамки на состанокот се усвои Записникот од првата седница, одржана 31.01.2023 година, се разговараше за тековните активности на телото како и за активностите и динамиката за дејствување во координирани акции во наредниот период.