Во рамките на билатералната соработка со Агенцијата за индустриска сопственост на Република Косово, 🇽🇰 како и заеднички да го прославиме Светскиот ден на интелектуалната сопственост, на покана на генералниот директор на Агенцијата г. Иса Дукај заедно ја прославивме во Приштина Конференцијата „Интелектуалната сопственост и жените, иновациите и креативноста“.
Активноста ја поздрави г-дин Албин Курти, претседател на Владата на Република Косово, при што пренесе важни пораки за светскиот ден, потврдувајќи ја поддршката и значењето на областа на интелектуалната сопственост, како и г. Розета Хајдари, министерка за индустрија, претприемништво и трговија.
Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија 🇲🇰 и Генералниот директорат за индустриска сопственост на Република Албанија беа поканети на овој многу важен настан, за сите актери кои се занимаваат со прашања од интелектуална сопственост во целина. Високо ја цениме билатералната соработка помеѓу нашите две партнерски институции во областа на индустриската сопственост и посветеноста за учество во заеднички активности и иницијативи.