| | Sitemap | EN | SQ



Одбележување на меѓународниот ден на интелектуална сопственост - 26 април 2023 година

Со цел да се обезбеди поголемо учество на жените во создавање на креативни и иновативни творби како и нивната промоција во светски рамки, Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) заедно со земјите-членки од Централна Европа и балтичките држави (CEBS), изготвија брошура насловена “Креативни претприемачи и нивниот придонес во науката”“CEBS Women – Creative Entrepreneurs Boosting Science”.

Модерното општество не разликува полов пристап кон современите технологии. Говорејќи за успешни жени во технологијата всушност говориме за апсолутно урамнотежен пристап до ресурсите каде жените креираат решенија со доминантна употребна вредност во многубројни технолошки сфери.

Во Северна Македонија, претставувањето на нивните пронајдоци на изложби и поднесувањето национални и меѓународни пријави се доказ за нивната успешност.

Во 2022 година награда за патент на годината доби иноваторски тим кадешто учествуваше и жена иноваторка. Иноваторката Наумовска Грнарова Марта, секојдневно инспирана од потребите во непосредната околина, со својата креативност пронаоѓа нови технолошки решенија. Наградениот пронајдок e мобилен миксер за изведување на сите чекори од комплетната процедура за дисолвирање под вакуум или притисок со варијабилна температура на течни или полутечни медицински препарати во единствена машинска целина.

Иноваторката Лилјана Симјановска, долгогодишен ембриолог и научен работник со работно искуство во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија на МАНУ, создаде прототип на инкубатор за клеточно култивирање ембриони. Иновативната метода каде C02 Инкубаторот со уред за директно контролирана јонизација на воздухот овозможува зголемување на успешноста на ин-витро фертилизацијата и обезбедува подобри услови за ембрионален развиток од стандардните инкубатори.

Во успешниот пронајдок кај медицинските помагала и уреди за вежбање на иноваторката Даниела Ризова, корективната справа за гради, ‘рбетен столб, торзо претставено е конкретно техничко решение кое во дополнение со специјален комплекс медицински и терапевтски вежби овозможува ефективни резултати без употреба на инвазивни методи и лекови.

Иноваторката Јана Клопчевска креира успешна иновативна приказна со симбиоза на производството со научната фела. Нејзиното иновативно решение беше препознаено и поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој. Иновацијата отвора нови можности за креирање храна на иднината. Нејзиното истражување во делот на храната и фармацијата резултира во пронаоѓање на нов прехрамбен производ - колачи кои едновремено се и храна и суплемент во исхраната.

Брошура за 26 април - жени иноватори

24.04.2023


Галерија на слики