| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа стручниот испит за застапници

На 05 април 2023 година, во просториите на Правниот факултет “Јустинијан Први” се одржа стручниот испит за застапници. Со стручниот испит се проверуваше знаењето на кандидатите од областа на индустриската сопственост.

Кандидатите кои успешно го положија стручниот испит за застапници ќе добијат уверение за положен испит. Застапниците за индустриска сопственост се значаен дел од инфраструктурата за заштита и спроведување на правата на индустриска сопственост. Нивната улога е посебно важна при водење на постапките за заштита на правата од индустриска сопственост. Со оглед на улогата која застапниците ја имаат во системот на спроведување на заштитата, а особено заради непосредниот контакт со носителите на правата потребно е нивно понатамошно зајакнување и професионализација.

06.04.2023


Галерија на слики