| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа 1-та седница на Координативното тело за интелектуална сопственост (КТИС) во 2023 година

На 31 јануари 2023 година се одржа првата седница на Координативното тело за интелектуална сопственост.

На седницата се разговараше за тековните и идни активности на телото. Се разгледуваа нови пријави поднесени до КТИС за повреда на право на трговска марка поради неовластено користење и имитирање од страна на трети лица.

Раководителот на КТИС ги информираше членовите за содржината на Информацијата за извршени координирани акции и други активности за 2022 година, која согласно Деловникот за работа на КТИС треба да се достави до Владата на Република Северна Македонија. Исто така, се договараа активностите кои треба да ги содржи Акцискиот план на КТИС за 2023 година за подигнување на јавната свест во врска со значењето на правата од интелектуална сопственост и последиците кои ќе настанат во случај на нивна повреда, како и бројот на активности и динамика за дејствување во координирани акции.

31.01.2023