| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа 11-та седница на Координативното тело за интелектуална сопственост

На 24 ноември 2022 година се одржа единаесеттата седница на Координативното тело за интелектуална сопственост. На седницата се разговараше за тековните и идни активности на телото. Раководителот Блерим Идризи најави дека во соработка со надлежните институции ќе се организира и спроведе јавно ништење на запленетите пиратски и фалсификувани предмети кои се одземени врз основа на правосилни и извршни судски одлуки а за кои КТИС има информација од страна на судовите.

Исто така, тој најави организирање и спроведување на координирани акции во наредниот период со цел елиминирање на предусловите за понатамошно ставање во промет на фалисфикувани односно пиратски производи, како една од улогите на Координативното тело заради заштита на правата на интелектуална сопственост.

24.11.2022