На 21-22 ноември 2022 година, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) на Република Северна Македонија, во рамките на билатералните активности за соработка, ја организираше втората техничка работилница за имплементација на платформата Front Office со Европскиот патентен завод (ЕПО). Целта на оваа техничка посета е да се собирање и евидентирање на барањата и потребите на ДЗИС, и дискусија за следните чекори од проектот, но беше и посета за зајакнување на соработката помеѓу двете Канцеларии.
Front Office е веб платформа која им овозможува на подносителите, пронаѓачите и застапниците да поднесуваат пријави на патенти преку интернет.
Тимот на Државниот завод за индустриска сопственост предводен од директорот Ибуш Јусуфи, кој во своето обраќање им се заблагодари на Европската канцеларија за патенти за посветеноста на имплементацијата на различни платформи во ДЗИС кои ги олеснуваат услугите на неговите корисници, без разлика дали се корисниците се државјани на Република Северна Македонија или странски држајани. Г-дин. Јусуф, исто така ги истакна придобивките што ги носи имплементацијата на Front Office не само за корисниците на интелектуалната сопственост туку и за самиот Завод.
Г-дин. Јусуфи истакна дека корисниците ќе можат да поднесуваат не само барања за патенти туку и други видови на барања како што се барања за измени, барања за продолжување, барања за обновување на правата на патент и како и барања за поднесување на годишни такси.
Платформата за ДЗИС е клучна компонента што го отвора патот за нејзина дигитална трансформација.
Одлуката на ДЗИС е донесена од г-дин. Јусуфи за ДЗИС да биде една од првите канцеларии членки на EPO што ќе почне со имплементацијана Front Office докажува дека EPO продолжува да биде клучен стратешки партнер за ДЗИС и дека се обидува да биде клучен движател во имплементацијата на важни проекти за Европската мрежа за патенти со цел да се подобрат услугите за нашите заеднички корисници.