На 11 и 12 Октомври 2022 година во простроиите на Генералниот директорат за индустриска сопственост, во Тирана, Република Албанија се одржа обука за електронско поднесување на меѓународни пријави за Заводите кои дејствуваат во функција на приемни Заводи.
На обуката од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија зедоа учество двајца претставници од секторот за патенти.
Во рамките на програмата се одржаа презентации и се решаваа интерактивно задачи за зададената проблематика како што се : преглед на функциите кога Заводот дејствува како приемен завод со користење на WIPO IP порталот; постапка на испитување на меѓународните пријави поднесени според PCT постапката; запознавање со формулари како и процедура на испитување и ажурирање на постапката со користење на хартиен и електронски формат.
Вториот ден беше посветен за Застапниците кои дејствуваат во рамките на индустриска сопственост како и претставници од универзитетите и други корисници на овие услуги, се со цел запознавање на процедурите и поднесувањето на меѓународни пријави во хартиена и електронска форма.