| | Sitemap | EN | SQ



Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија ќе започне со примена на „CP4“

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија (ДЗИС) го објавува ДОКУМЕНТОТ ЗА ПРАКТИКАТА за обемот на заштита на црно-белите трговски марки што ги опфаќа различните постапувања со трговските марки во црна и бела боја и/или нијанси на сива боја, во однос на приоритетот, релативните причини за одбивање и вистинската употреба.

Објавата на овој документ за практиката е резултат на заедничките напори на ДЗИС и Европскиот завод за интелектуална сопственост (ЕУИПО) за пронаоѓање заеднички основи со критериумите содржани во Заедничкото соопштение за заедничката практика за обемот на заштита на црно-белите трговски марки (СР4).

Овој документ, изработен во рамките на активностите за меѓународна соработка на ДЗИС и ЕУИПО, има за цел да ја зголеми точноста, транспарентноста, правната сигурност и предвидливоста во интерес на корисниците и испитувачите од заводите за индустриска/интелектуална сопственост. Документот исто така има за цел да биде референца и за сите други заинтересирани страни.

Документот за практиката обезбедува јасно и сеопфатно објаснување на принципите на кои практиката е заснована и генерално ќе се применува од ДЗИС и заводите за ИС кои се дел од Мрежата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPN).

Документот се објавува заради запознавање на корисниците со практиката што ДЗИС ќе ја применува од 01/10/2022 година.

Документот за практиката е поделен на два дела. Првиот дел ги објаснува критериумите и главните принципи на практиката. Вториот дел содржи јасно и сеопфатно објаснување на тие принципи.

Документот е достапен ТУКА.


ДЗИС исто така го има објавено и документот за практиката:

  • CP3 – Дистинктивност – Фигуративни трговски марки што содржат дескриптивни/ недистинктивни зборови (MK).

01.09.2022