Ве информираме дека од 15.07.2022 може да се поднесуваат меѓународни пријави преку е-платформата ePCT со избирање на ДЗИС на Република Северна Македонија како канцеларија за прием на електронски пријави. ePCT е нова услуга за поднесување на електронски пријави хостирана во WIPO. За поднесување на пријави корисниците треба да креират корисничка сметка за електронска идентификација во ePCT платформата.
Пријавите поднесени преку ePCT-Filing може да се следат користејќи ја истата платформа за поденосување на истите.
Паралелно на услугата за електронско поднесување на пријави подесена од WIPO, ДЗИС ќе продолжи со примање на меѓунардони пријави во хартиена форма.
Повеќе информации за ePCT-Filing платформата може да се прочитат во следниот линк. https://www.wipo.int/pct-eservices/en/download/download_client.html
За креирање на корисничка сметка, отверете го слендиов линк: https://pct.wipo.int/wipoaccounts/en/ePCT/public/register.xhtml?returnURL=%2FePCT%2F
За ePCT во следниов линк може да прочитате повеќе информации: https://pct.wipo.int/ePCT/
ДЗИС има поставено хелп деск за одговарање на прашања од страна на корисниците на ова услуга, и детали за контакт се следниве:
- Тел: (+389-2) 310 36 01
- Е-маил: epct@ippo.gov.mk