| | Sitemap | EN | SQ



Потпишан е Договорот за соработка помеѓу ЕПО и Државниот завод за индустриска сопственост за 2021-2023 година

На 28 јуни 2022 година во Минхен беше потпишан Договорот за соработка помеѓу директор на Државниот завод за индустриска сопственост м-р. Ибуш Јусуфи, и г. Антонио Кампинос, претседател на ЕПО.

Овој договор е заснован во стратешкиот документ за соработка со земјите-членки на оваа организација за периодот 2021-2023 година, одобрен со одлука на Управниот одбор, вклучен во документот CA/27/20.

Соработката меѓу двете институции е заснована и се развива во насока на унапредувањето на:

Знаење и квалитет;

Практични конвергенции;

Размена на практики и подигање свест за патенти; и

Зголемување на соработката, преку усогласување на софтверската опрема за управување со временската рамка на патентите.

На маргините на овој настан на 171 Управен одбор на ЕПО беше реизбран е актуелниот претседател, Антонио Кампинос, со кого директорот Јусуфи одржа билатерална средба. Во рамките на средбата, г. Јусуфи ја повтори заложбата на ДЗИС за соработка и целосно усогласување со агендата и стратегијата на ЕПО.

Состанокот на Управниот одбор, исто така, вклучуваше и презентација на годишен преглед на ЕПО за 2021 година со државите членки, кои потполно го подржуваат засилениот подем на Европската канцеларија за патенти во насока на исполнување на петте цели на Стратешкиот план за 2023 година.

30.06.2022


Галерија на слики