| | Sitemap | EN | SQ



ДЗИС денеска го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост

Државниот завод за индустриска сопственост, на ден 26 април го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост преку:

- Доделување на наградата „Патент на годината за 2021 година“
Традиционално по 28 пат, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, м-р Ибуш Јусуфи, ја додели наградата„Патент на годината за 2021 година" на подносителот ЗАВАР КОМПАНИ ДОО Скопје, за пронајдокот со назив „МОБИЛЕН МИКСЕР ЗА ДИСОЛВИРАЊЕ ПОД ВАКУУМ ИЛИ ПРИТИСОК СО ВАРИЈАБИЛНА ТЕМПЕРАТУРА НА ТЕЧНИ ИЛИ ПОЛУТЕЧНИ МЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ“ од пронајдувачите: ГРНАРОВ Павле, ЗАХАРИЕВ Игор и НАУМОВСКА ГРНАРОВА Марта.
- Промовирање на правата од индустриска сопственост со поставување на штандови и делење на промотивен материјал.

- Штандовите беа поставени на плоштадот Македонија и на влезот на Старата скопска чаршија на кои беа промовирани правата од индустриска сопственост како и придобивките од нивната заштита како основа за успешен развој на секој бизнис.

Оваа година, светскиот ден на интелектуалната сопственост, за чиjа идејна организација е задолжена Светската организација за интелектуална сопственост, се одбележува во знакот на ,,Интелектуалната сопственост и младината: Иновација за подобра иднина“ (World Intellectual Property Day 2022 – Celebrating Creativity & Innovation, линк: https://www.wipo.int/portal/en/#).

26.04.2022


Галерија на слики