| | Sitemap | EN | SQ



"Liaison Meeting" за трговски марки и соработка

 

На 21 и 22 март 2022 година, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, г. Ибуш Јусуфи беше во официјална посета на седиштето на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO) во Аликанте, Шпанија, каде што беше организиран 18-та седница “Liaison Meeting” за меѓународна соработка и 27-та седница “Liaison Meeting” за трговски марки.


Овие состаноци се официјални форуми каде што учествуваат експерти од заводите на земјите члени на ЕУ, земјите кандидати и експерти од заводите на земјите членки од EFTA, за да разговараат за најновите случувања во полето на трговски марки. Исто така при овие средби експертите разменуваат техничка експертиза во согласност со член 152 од регулативата за трговски марки на ЕУ (EUTM).


При ова посета, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост г-дин Ибуш Јусуфи беше пречекан на билатерална средба од Генералниот директор не Европската организација за интелектуална сопственост (EUIPO) г-дин Кристијан Аршамбеу, каде што разговараа за последните случувања и взаемната соработка.

 

23.03.2022


Галерија на слики