| | Sitemap | EN | SQ



Директорот на ДЗИС го пречека неговиот хомолог од Република Албанија

Во рамките на Спогодбата потпишана меѓу двете партнерски институции, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, г. Ибуш Јусуфи ја пречека делегацијата на Генералниот директорат за индустриска сопственост на Република Албанија, предводена од страна на директорката г-ѓа. Ровена Беќирај.
Теми на дискусија беа предизвиците и актуелната состојба на правата од индустриска сопственост во соодветните земји како и зајакнувањето на соработката меѓу институциите.
Исто така целта на соработката е исполнување на целите, кои вклучуваат меѓусебна размена на искуства, информации и публикации од областа на индустриската сопственост, стратешките политики и подигањето на свеста за важноста на заштита на предметите од индустриска сопственост.

08.03.2022


Галерија на слики