| | Sitemap | EN | SQ



Состанок со Претседателот на Европската канцеларија за патенти

ДЗИС вчера учествуваше на состанокот одржан со Претседателот на Европската канцеларија за патенти, г. Антонио Кампинос да зборува за зајакнување на соработката и зголемување на флексибилноста помеѓу институциите преку дигитални платформи, како потреба што произлегува од моменталната состојба предизвикана од КОВИД-19 и модернизацијата на системот за заштита на податоците на Европската канцеларија за патенти според Стратешкиот  План 2023 година.

Состанокот имаше за цел да ги информира канцелариите за индустриска сопственост за формирање на ново тело од страна на ЕПО за мониторинг и надзор и ќе игра улога во правната заштита во областа на заштитата на податоците на ЕПО.

22.06.2021


Галерија на слики