| | Sitemap | EN | SQ



Работна средба на Координативното тело за интелектуална сопственост
Во Државниот завод за индустриска сопственост денеска се одржа работна средба на Координативното тело за интелектуална сопственост на која присуствуваа претставници на сите институции членки. 
На состанокот се разгледуваа пријавите за прекршување на права на интелектуална и индустриска сопственост. Директорот Герасимовски најави организација на дополлнителни активности за следниот период. Целта е афирмација на улогата на Координативното тело, зајакнување на соработката со релевантни чинители и подигнување на јавната свест за потребата и бенефитите од заштита на правата.

10.12.2020


Галерија на слики