Во организација на Светската организација за интелектуална сопственост и Државниот завод за индустриска сопственост во Скопје се одржа регионален семинар на тема Информации за патенти и бази на податоци.
На семинарот, презентации на темата имаа г-ѓа Силвија Трпковска од Секторот за транзиција и развиени земји на WIPO, г-дин Випин Сароха од Секторот за глобална инфраструктура на WIPO како и експертот и советникот за патенти од Унгарија, г-динот Фаркас Сабол.
Освен гостите од националните заводи на Албанија, Србија, Црна Гора и Бугарија, учествуваа и голем број на застапници на правата од индустриска сопственост, пронајдувачи како и претставници од државната управа кои се дел од целокупниот систем за заштита и спроведување на правата од интелектуална сопственост.
На семинарот, помеѓу учесниците беа разменети искуства како и најдобрите практики при користење на патентните информации и базите на податоци.