| | Sitemap | EN | SQ



Меѓународна изложба на жени пронајдувачи “KIWIE 2017”


Меѓународната изложба на жени пронајдувачи “KIWIE 2017”, во организација на Кореанската асоцијација на жени пронајдувачи – KWIA и подршка од Кореанскиот завод за интелектуална сопственост – KIPO и од Светската организација за интелектуална сопственост – WIPO, се одржа во периодот од 08 јуни до 11 јуни 2017 година во Сеул, Република Кореја.
На изложбата земаа учество жени пронајдувачи од 23 земји со 79 пронајдоци. Посебна нота на настанот и даде и презентацијата на 151 Кореански пронајдоци со изработени прототипови како и готови производи.
Во рамките на програмата на изложбата се одржа и Форум 2017 на кои опширно се разгледа прашањето како да се обезбеди економски раст преку промовирањето на иновациите и беше истакнато важноста на уделот на жените во крирање на своите бизниси заедно со заштитата на правата од интелектуална сопственост .
Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија се претстави на изложбата со два пронајдока.
Пронајдоците беа високо оценети од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во зададената област и тоа:
-Пронајдокот “Оригинална тераписка шема за тописки третман – локална апликација на вагинални таблети за лекување на инфекција со Human Papilloma Virus и лезии со низок малигнитет на вагината и грлото на матката кај жената во постменопауза (без менструален циклус)” од пронајдувачите Антовска Весна и Трајанова Милка беше награден со највисоко престижната награда “SEMI-GRAND PRIX” со Диплома .
-Пронајдокот “Производство на едноставен антипенливец” од пронајдувачите Карафиљковска Филимена, Виолета Солакова, Сашо Стојковиќ беше награден со СРЕБРЕН МЕДАЛ со Диплома.
Македонските пронајдоци беа наградени и од страна на некои од учесниците на изложбата како следните:
Пронајдокот на Антовска Весна и Трајанова Милка “Оригинална тераписка шема за тописки третман – локална апликација на вагинални таблети за лекување на инфекција со Human Papilloma Virus и лезии со низок малигнитет на вагината и грлото на матката кај жената во постменопауза (без менструален циклус)” беше награден со ЗЛАТЕН МЕДАЛ со Диплома од страна на Руската асоцијација за меѓународна научна и технолошка соработка, a од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија пронајкот беше награден со ЗЛАТЕН МЕДАЛ со Диплома. Пронајдувачите Антовска Весна и Трајанова Милка беа наградени со Диплома од страна на Тајванската индустрија за пронајдоци и иновации.

 


Пронајдокот “Производство на едноставен антипенливец” од пронајдувачите Карафиљковска Филимена, Виолета Солакова, Сашо Стојковиќ беше награден со Специјална награда и Диплома од страна на Институтот за патенти од Република Турција, ЗЛАТЕН МЕДАЛ со Диплома од страна на Тајландската асоцијација за промоција на пронајдоци и иновации, како и со Диплома од страна на Заводот за индустриска сопственост на Република Чешка.

20.06.2017