На 24 и 25 октомври 2016 година во Скопје се одржа заедничка ЕПО-СОИС работилница за обработка на податоци. На оваа работилница, организирана во соработка со ДЗИС на Република Македонија, учествуваа вработени од шест национални заводи за патенти членки на ЕПО.
Во текот на работилницата беа разменети искуства како и се истражуваа алатки и пристапи кои во моментов ги имаат на располагање националните заводи за патенти со цел на обработка на патентните податоци на лесен и навремен начин како и во точен дигитален формат.
Работилницата заврши со билатералните состаноци на националните заводи за патенти и експертите на Европскиот патентен завод и Светската организација за интелектуална сопственост.