| | Sitemap | EN | SQ



Патент на годината 2015

По повод 26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија го одбележа со свечено доделување на награда “Патент на годината - 2015“. Манифестацијата беше организирана во конференциската сала на Хотел “Bushi“ – Скопје и на неа беа присутни понајдувачи, застапници и други претставници кои се директно или индиректно вклучени во процесот на заштита со правата од интелектуална сопственост.
Со поздравен говор заменик директорот на Заводот г-динот Мите Костов, на присутните гости им се обрати и ги изнесе најновите активности во областа на индустриска сопственост и укажа на идните активности кои ќе се превземат за подобрување на работата на Заводот со цел за задоволување на потребите на самите корисниците на услугите кои ги пружа Заводот.

На оваа манифестација, беше пренесена пораката на генералниот директор на Светската организација за интелектуална сопственост г-динот Francis Gurry која беше дадена по повод Светскиот ден на интелектуална сопственост а се однесуваше на Дигитална креативност: нови претстави за културата и беше истакнато “На овој ден, кога ја прославуваме дигитална креативност во светот, треба да размислиме како да го најдеме вистинскиот баланс – баланс кој ја признава важноста на креаторите и иноваторите за напредокот кој го гледаме, културен и технолошки, и како резултат на дигиталната технологија ....


Традиционалнта награда “Патент на годината - 2015“, беше доделена на пронајдувачот Петре Ристевски за пронајдокот “ГРОМОБРАН И МЕТОДА ЗА ЗАШТИТА ОД МОЛЊА СО МОДУЛАРНА КОНФИГУРАБИЛНА АРХИТЕКТУРА “, кој овозможува неограничено и произволно менување на конфигурацијата на громобранот со конектирање на еден или повеќе наменски електронски склопови со специјални функции. За примена и придобивките кои веќе се реализирани на пазарот од страна Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје, присутните гости ги информираше пронајдувачот Петре Ристевски, кои воедно е и сопственик на фирмата која го применува овој патент.

05.05.2016


Галерија на слики