Од 4 Мај, 2016 година, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) на Република Македонија ги направи јавно достапни своите податоци за Патенти во алатаката за пребарување на European Patent Register.
Интегрирањето на ДЗИС е конкретен резултат од програмата за билатерална соработка меѓу Европската патентна организација и Државниот завод за индустриска сопственост.
Ова последно проширување го зголемува бројот на заводите членки во Federated Patent Register на 12 земји членики и додавањето на речиси 6000 дополнителни патентни пријави од Република Македонија, за кои може да се прабарува правниот статус на пријавите.
Federated Patent Register прикажува библиографски податоци и правниот статус на Европските патентните пријва кои се во национална пост-грант фаза, пријави кои се доставени од земјите членки на ЕПО.
За повеќе информации читајте во https://register.epo.org/regviewer