Европски квалификациски испит
Европскиот квалификациски испит (EQE) го тестира знаењето и способноста на кандидатите да ги претставуваат подносителите во постапката пред ЕПО. Основан е во 1979 година, нашироко се смета како еден од најсложените стручни испити кој е положен од страна на повеќе од 7.000 кандидати.
За Европскиот квалификациски испит
Испитувањето се организира и спроведува од страна на Надзорниот одбор, од Одборот за Испитување, Комитетите за испитување и Секретаријатот за испит.
Целта на Европскиот квалификациски испит
Европскиот квалификациски испит е дизајниран за да утврди дали кандидатот ги има потребните способности и знаења за да ги застапува подносителите пред ЕПО.
Програма на Европскиот квалификациски испит
Кандидатите треба да бидат особено запознаени со европскиот закон за патенти, Договорот за соработка во областа на патентите (PCT), Париската конвенција, судската пракса на Одборот за жалби на ЕПО и на одредени национални закони, доколку тие се однесуваат на европски пријави за патент и Европските патенти. Содржината на испитот се однесува само на правните текстови кои биле во сила заклучно со 31 декември на годината која и претходи на испитувањето.
Јазици
Документите за испитување се подготвени на трите официјални јазици на ЕПО (англиски, француски и германски). На кандидатите може да им биде дозволено да ги достават нивните одговори во друг официјален јазик на државата договорничка.
Европскиот квалификациски испит се одржува еднаш годишно и се состои од пет дела:
- Пред-испитување (4 часа)
Се оценува способноста на кандидатите да одговорат на правни прашања и прашања во врска со изготвување на патентните барања
- Документ А (3 ½ часа)
Се тестира способноста на кандидатот да подготви патентни барања и воведниот дел на европската патентна пријава.
- Документ B (3 часа)
Бара кандидатите да подготват одговор на официјално писмо во кое состојбата на техниката е цитирана.
- Документ C (5 часа)
Вклучува изработка на известување за спротивставување на европскиот патент
- Документ D (5 часа)
Се оценува способноста на кандидатите да одговорат на правни прашања и да подготват законски проценки.
Положување на Европскиот квалификациски испит
За да го положите EQE, задолжително е да се поминат сите документи за испитување. Кандидатите не можат да се запишат за главното испитување (документи А, B, C и D) се додека не го положиле пред-испитот. Постои систем на обесштетување во главниот испит при што во одредени околности, ниски оценки може да се надоместат со добри оценки во други документи.
Прием и запишување
Кандидатите за да бидат примени на Европскиот кфалификационен испит, на денот на испитувањето, треба да ги исполнат следниве услови:
а) Квалификации
Кандидатите мора да имаат научна или техничка квалификација - на пример, во биологија, биохемија, хемија, електроника, фармакологија или физика.
Какви било одлуки во врска со приемот на испитувањето се врз основа на условите утврдени во член 11 (1) (а) од Регулативата на Европскиот квалификациски испит и правилата од 11 до 14 на одредбите за спроведување на испитот.
б) Дејност
Кандидатите треба да бидат обучени под надзор на професионален застапник или како вработен кој се занимава со патенти во индустриска компанија основана во една од договорните држави.
Задолжителната практична обука е многу важна, бидејќи голем дел на знаења потребни од страна на европски патент застапник е стекнат во текот на овој период. Во овој период, кандидатите мораат да учествуваат во широк спектар на активности кои се однесуваат на пријави на патенти или патенти.
Само периоди на професионална дејност добиени откако потребните квалификации се добиени се земаат во предвид. Периодот за обука мора да се заврши на денот на испитот.
ЕПО испитувачите можат да се запишат за испитот ако ги извршуваат должностите на испитувач за најмалку три години.
в) Датуми
EQE се одржува еднаш годишно, обично на крајот на февруари / почетокот на март. Известување кое укажува на датумите на испитување и рокот за запишување е објавен во Службен весник (април претходната година).
г) Такса за испит
Надоместокот зависи од бројот на документи за кои се запишува кандидатот. Основниот надоместок во моментов е 200 евра.
Запишување за 2017 година
Онлајн
Веб портал на Европскиот квалификациски испит (на располагање од 1 април 2016 година, 12,00 часот по средноевропско време)
Онлајн апликацијата трае околу 15 минути, и мора да се заврши до датумот на затворањето.
Кандидатите кои претходно биле примени во EQE (претходно испитување или главното испитување), не е потребно да потпишат или да го достават прегледот. Сепак, оние кои сеуште треба да обезбедат доказ за нивната трета година на обука треба да имаат потпишан сертификат лесно достапен во PDF формат за да поставување.
Веб портал е оптимизиран за Internet Explorer 10,0 или понова верзија и Mozilla Firefox 31 или понова верзија.
За да правилно се прикажат PDF-документите, Ве молиме инсталирајте ја програмата Adobe Acrobat Reader на вашиот компјутер (слободен софтвер на располагање од http://www.adobe.com).
Превземање
Најава на Европскиот квалификациски испит за 2017 година - пред испитувањето и главно
Сертификат за обука или вработување
Испитот се состои од четири документи - А, B, C и D - ќе бидат наведени како "главен испит". Кандидатите можат да се запишат за главниот испит од 14 јули 2016 година.
Рокови
1. Пред-испит
Кандидатите можат да се запишат како од 1 април 2016 година. Апликациите мора да бидат доставени не подоцна од 2 јуни 2016 година преку веб портал.
2. Главен испит
Кандидатите можат да се запишат од 14 јули 2016 година. Пријавите се поднесуваат до 8 септември 2016 година преку веб порталот.