| | Sitemap | EN | SQ
TRIPS
СПОГОДБА ЗА ТРГОВСКИТЕ АСПЕКТИ НА ПРАВАТА ОД
ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ
ВО МАРАКЕШ
15 АПРИЛ 1994 ГОДИНА

Членките ,
Co желба да ce спречат нарушувањата и пречките во меѓународната трговија и земајќи ја предвид потребата да ce унапреди делотворната и соодветната заштита на правата од интелектуалната сопственост, и да ce осигури мерките и постапките за остварување на правата од интелектуалната сопственост и самите да не станат пречка за легитимната трговија;
Согледувајќи ја, за таа цел, потребата од нови правила и прописи, во врска со :
(a) применливоста на основните принципи на ГАТТ од 1994 и на соодветните меѓународни спогодби или конвенции за интелектуална сопственост;
(b) обезбедувањето на соодветни стандарди и принципи за достапноста, обемот и користењето на трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост ;
(c) обезбедувањето на делотворни и соодветни средства за остварување на трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост, земајќи ги предвид разликите во националните правни системи;
(d) обезбедувањето на делотворни и експедитивни постапки за мултилатерално спречување на меѓувладини спорови и за нивно решавање; и
(e) преодните аранжмани чија цел e да ce оствари најцелосно учество во резултатите од преговорите;
Согледувајќи ја потребата од мултилатерална рамка за принципите, правилата и прописите што ce однесуваат на меѓународната трговија со фалсификувана стока ;
Согледувајќи дека правата од интелектуалната сопственост ce приватни права;
Согледувајќи ги суштинските цели на јавната политика на националните системи за заштита на интелектуалната сопственост, вклучувајќи ги развојните и технолошките цели; Свесни, исто така, за посебните потреби на најмалку развиените земји Членки за максималната флексибилност во домашното спроведување на законите и другите прописи, за да им ce овозможи создавање на цврста и одржлива технолошка основа;
Нагласувајќи го значењето на намалувањето на затегнатоста преку постигнување засилени обврски споровите врзани за трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост да ce решаваат по пат на мултилатерални постапки;
Co желба да воспостават однос на заемна поддршка меѓу СТО и Светската организација за интелектуална сопственост (понатамошниот дел на текстот спомнувана и како „WIPO“), како и со другите релевантни меѓународни организации;
Co ова ce согласуваат :

ДЕЛ 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ И ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ
Член 1
Природа u обем на обврските

1. Членките ќе ги стават во сила одредбите на оваа Спогодба. Членките можат, но не ce на тоа обврзани, во своите национални закони да спроведат посеопфатна заштита отколку што ce бара со оваа Спогодба , под услов таквата заштита да не e во спротивност со одредбите на оваа Спогодба . Членките ќе бидат слободни самите да го одредат соодветниот начин на спроведување на одредбите на оваа Спогодба во рамките на сопствените правни системи и практика .
2. За потребите на оваа Спогодба изразот „ сопственост “
ce однесува на сите категории на интелектуалната сопственост што ce предмет на одделите 1 до 7 на делот II.
3. Членките ќе им го обезбедат на државјаните на другите Членки третманот предвиден со оваа Спогодба . Во поглед на релевантното правоод интелектуалната сопственост, за државјани на другите Членки ќе ce сметаат оние физички или правни лица што ги исполнуваат критериумите за добивање на заштита предвидени со Париската конвенција (1967), Бернската конвенција (1971), Римската конвенција и Договорот за заштита на интелектуалната сопственост врз интегрираните кола, ако сите Членки на СТО ce потписнички и на овие конвенции. Секоја Членка што ги користи можностите предвидени во ставот 3 од членот 5 или во ставот 2 од членот 6 на Римската конвенција ќе достави до Советот за трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост ( Советот за ТРИПС) известување за тоа, на начинот опишан во тие одредби.

Член 2
Конвенции за интелектуална сопственост

1. Во поглед на деловите II, III, и IV на оваа Спогодба, Членките ќе ce сообразат со членовите 1 до 12 и со членот 19 од Париската конвенција (1967).
2. Ништо во деловите I до IV на оваа Спогодба нема да отстапува од постојните обврски коишто Членките ги имаат едни кон други врз основа на Париската конвенција, Бернската конвенција, Римската конвенција и Договорот за заштита на интелектуалната сопственост врз интегрираните кола.

***

Симнете го комплетниот документот за повеќе детали.

 


Превземи

Објавено на 31.05.2011