ЛИСАБОНСКИ ДОГОВОР ЗА ЗАШТИТА НА ОЗНАКИТЕ НА ПОТЕКЛО И НИВНАТА МЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА
Од 31 октомври 1958 година, изменет и дополнет во Стокхлом на 14 јули 1967 година и на 28 септември 1979 година
Објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.77/10
Член 1
Воспоставување Посебна унија; Заштита на ознаката на потекло регистрирана во Меѓународното биро.
(1) Земјите во кои се применува овој договор претставуваат посебна унија во рамките на Унијата за заштита на индустриската сопственост.
(2) Тие, во согласност со условите на овој договор, на својата територија преземаат заштита на ознаката на потеклото на производот од другите земји од Посебната унија признаени и заштитени како такви во земјата на потекло и регистрирани во Mеѓународното биро за интелектуална сопственост (во понатамошниот текст: Меѓународно биро или Биро) споменато во Конвенцијата за основање на Светската организација за интелектуална сопственост (во понатамошниот текст: Организација).
Член 2
Дефиниција за oзнаката на потекло и земјата на потекло
(1) Во овој договор “ознака на потекло“ значи географски назив на земјата, регионот или подрачјето, кој служи да се означи производ којшто потекнува од таму и чиј што квалитет или карактеристики исклучиво или битно се резултат на географската средина, вклучително природниот и човечкиот фактор.
(2) Земјата на потекло е земја чиј што назив или земја во која се наоѓа регионот или подрачјето чиј назив претставува ознака на потекло, а на производот му дава реноме односно право на ознака на потекло.
Член 3
Содржина на заштитата
Со заштитата се обезбедува спречување каква било узурпација или имитација, дури и ако е назначено вистинското потекло на производот или ако ознаката е користена во преведена форма или проследена со термините како што се: “вид”,”тип”,”начин”,”имитација” или слично.
Член 4
Заштита врз основа на други текстови
Одредбите на овој договор не ја исклучуваат заштитата со ознаката на потекло во секоја земја на Посебната унија која е веќе признаена во согласност со другите меѓународни инструменти како што се Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост од 20 март 1873 година и нејзините дополнителни измени, Мадридскиот договор за намалување на лажните и измамувачки ознаки на потекло на производот од 14 април 1891 година и неговите дополнителни измени или во согласност со националното законодавство и судските одлуки.
***
Симнете го комплетниот документот за повеќе детали.
Превземи