КОНВЕНЦИЈА ЗА ОСНОВАЊЕ НА СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ ПОТПИШАНА ВО СТОКХОЛМ НА 14 ЈУЛИ 1967 ГОДИНА*
Објавенa во “Службен лист на СФРЈ МД” 31/72 Договорните страни, Поттикнати од желбата да придонесат за подобар развој и соработка меѓу државите за своја заемна корист и врз основа на почитување на своја суверенитет и еднаквост, Сакајќи да ја унапредат заштитата на интелектуалната сопственост во светот за да ја поттикнат создавачката активност.
Сакајќи да ја осовременат и да ја направат поефикасна Управата униите основани во областа на заштитата на иднустриската сопственост заштитата на книжевни и уметнички дела, почитувајќи ја во потполност автономијата на секоја унија при тоа,
Се договорија за следното:
Член 1
Основање на организацијата
Со оваа конвенција се основа Светската организација за интелектуалната сопственост.
Член 2
Дефиниции
Во смисла на оваа конвенција:
а) терминот „организација" ја означува Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС);
б) терминот „меѓународно биро" го означува Меѓународното биро за интелектуална сопственост;
в) терминот „Париска конвенција" ја означува Конвенцијата за заштита на индустриската сопственост, потпишана на 20 март 1883 година, заедно со сите нејзини ревидирани акти;
г) терминот „Бернска конвенција" ја означува Конвенцијата за заштита на книжевни и уметнички дела, потпишана на 9 септември 1886 година, заедно со сите нејзини ревидирани акти;
д) терминот „Париска унија" ја означува Меѓународната унија основана со Париската конвенција; ѓ) терминот „Бернска унија" ја означува Меѓународната унија создадена со Бернската конвенција;
е) терминот „унии" ги означува Париската унија, посебните унии и посебните аранжмани во врска со оваа унија, Бернската унија како и секој друг меѓународен аранжман кој за цел ја има интелектуалната сопственост, а чие управување го обезбедува членот 4, или; ж) терминот „интелектуална сопственост" ги означува правата кои се однесуваат на: - книжевни, уметнички и научни дела; - интерпретации на уметници и интерпретатори и изведувања на уметнички изведувачи, фонограми и радио-емисии; - пронајдоци во сите области на човечката активност; - научни откритија; - индустриски мостри и модели; - фабрички, трговски и услужни жигови, како и трговски имиња и трговски називи; - заштита од нелојална конкуренција и сите други права поврзани
Превземи