| | Sitemap | EN | SQ
Хашки договор
ХАШКИ ДОГОВОР ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИЈАВУВАЊЕ МОСТРИ И МОДЕЛИ (ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН)

(Хашки документ од 28 ноември 1960 год.)

Објавен во “Службен весник на РМ.” бр. 71/96 од 30 декември 1996 година

Член 1

1) Договорните држави формираат посебна унија за меѓународно пријавување на мостри и модели.

2) Странки во овој договор можат да бидат само државите членки на Меѓународната унија за заштита на индустриската сопственост.

Член 2

Во смисла на овој договор се смета како:

Договор од 1925”, Хашкиот договор за меѓународно пријавување на меѓународни мостри и модели од 6 ноември 1925 година;

"Договор од 1934", Хашкиот договор за меѓународно пријавување на меѓународни мостри и модели од 6 ноемви 1925 годијна, ревидиран во Лондон на 2 јуни 1934 година;

"Овој договор", Хашкиот договор за меѓународно пријавување на меѓународни мостри и модели онаква како што произлегува од овој акт;

"Правилник", Правилникот за извршување на овој договор;

"Меѓународно биро", Бирото на Меѓународната унија за заштита на иднустриската сопственост;

"меѓународна пријава", пријавата поднесена кај Меѓународното биро;

"национална пријава", пријавата поднесена кај националната управа на договорната држава;

"повеќекратна пријава", пријавата која содржи повеќе мостри или модели;

"држава на потекло на меѓународната пријава", договорната држава во која пријавителот има вистинско индустриско или трговско претпријатие или, ако пријавителот има такви претпријатија во повеќе договорни држави, онаа договорна држава која тој ја назначил во својата пријава; ако нема такво претпријатие во една договорна држава, договорната држава во која тој има домицил; ако нема домицил во една од договорните држави, договорната држава чиј припадник е;

"држава која врши испитување на новоста", државата чие национално законодавство предвидува систем кој содржи решерш и претходиа постапка по службеиа должност, што ги врши нејзината национална управа, а се однесува на новостите на сите пријавени мостри и модели.

Член 3

Припадниците на договорните држави или лицата кои, иако не се припадници на една од тие држави, се домицилирани или имаат вистинско индустриско или трговско претпријатие на територијата на една од тие држави, можат да поднесат пријави за мостри и модели кај Меѓународното биро.

***

Во прилог ви го доставуваме комплетниот документ за повеќе детали.


Превземи

Објавено на 31.05.2011