| | Sitemap | EN | SQ
Виенски договор
Виенски договор за меѓународна класификација на фигуративните елементи на трговските марки
Составен во Виена на 12 јуни 1973
како што е изменет и дополнет на 1 октомври 1985
Објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.19/10

Договорните страни,
Имајќи го во предвид членот 19 од Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост од 20-ти март 1883 година, ревидирана во Брисел на 14-ти декември 1900 година, во Вашинтон на 2-ри јуни 1911 година во Хаг
на 6-ти ноември 1925 година, во Лондон на 2-ри јуни 1934 година, во Лисабон на 31-ви октомври 1958 година и во Стокхлом на 14-ти јули 1967 година,
Се согласија за следново:

Член 1

Воспоставување посебна унија;
Прифаќање на Меѓународната класификација
Земјите во кои се применува овој договор ја формираат посебната унија и прифаќаат заедничка класификација за фигуративните елементи на трговските марки (во понатамошниот текст: “Класификација на фигуративните елементи”).

Член 2

Дефиниција и депонирање на Класификацијата на фигуративните елементи
(1) Класификацијата на фигуративните елементи се состои од список на категории, класи и поткласи во кои се класифицираат фигуративните елементи на трговските марки, заедно со објаснување, доколку е тоа потребно.
(2) Класификацијата на фигуративните елементи е подготвена во еден оригинал на англиски и француски јазик, потпишан од и депониран кај генералниот директор на Светската организација за интелектуална сопственост (во понатамошниот текст “Генерален директор” и “Организациjа”) во моментот кога овој договор бил отворен за потпишување.
(3) Измените и дополнувањата од членот 5 став (3) (i) исто така ќе бидат подготвени во еден оригинал на англиски и француски јазик, потпишани од и депонирани кај генералниот директор.

Член 3

Јазици на Класификацијата на фигуративните елементи
(1) Класификацијата на фигуративните елементи е подготвена на англиски и француски јазик при што двата текста се подеднакво автентични.
(2) Меѓународното биро на Организацијата (во понатамошниот текст: ”Меѓународното биро“) во консултации со заинтересираните влади ќе востанови официјален текст на Класификацијата на фигуративните елементи на јазиците коишто може да ги назначи Собранието од членот 7 во согласност со ставот (2) (а) ( vi) од тој член.

***

Во прилог ви го доставуваме комплетниот текст за симнување.

 


Превземи

Објавено на 31.05.2011