| | Sitemap | EN | SQ
Париска конвенција
ПАРИСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ ОД 20 МАРТ 1883 ГОДИНА

ревидирана во Брисел на 14 декември 1900 година, во Вашиштон на 2 јуни 1911 година, во Хаг на 6 ноември 1925 година, во Лондон на 2 јуни 1934 година, во Лисабон на 31 октомври1958 година во Стокхолм 14јули 1967

Објавен во “Службен весник на РМ.” бр. 5/74
Член 1

1) Земјите врз кои се применува оваа конвенција сочинуваат Унија за заштита на индустриската сопственост.

2) Заштитата на индустриска сопственост има за предмет патенти, модели за искористување, индустриски мостри или модели, фабрички или трговски жигови, услужни жигови, трговско име и ознаки или имиња на потеклото, како и отстранување на нелојалната конкуренција.

3) Индустриската сопственост се подразбира во најширокото значење и се однесува не само на индустријата и трговија во вистинска смисла на тој збор, туку и врз гранката на земјоделски и екстрактивни индустрии и врз сите фабрикувани или природни производи на пример: вина, цереалии, листови на тутун, овошје, добиток, руди, минерални води, пиво, цвеќиња, брашно.

4) За патенти се подразбирааг разни видови индустриски патенти примени од законодавството на земјите на Унијата како патенти на увоз, патенти за усовршување, дополнителни патенти и цертификати, итн.

Член 2

1) Припадниците на секоја од земјите на Унијата ќе уживаат со другите земји на Унијата, доколку е во прашање заштита иа индустриска сопственост, користи што соодветните закони сега им ги даваат на своите државјани или ќе ги дадат дополнително, но со тоа да не се навредуваат правата особено предвидени со оваа конвенција. Спрема тоа, тие ќе имаат иста заштита како и овие и исто законско средство против секоја повреда сторена на нивните права, со тоа да се исполнат условите и формалностите што се бараат и од своите државјани.

2) Меѓутоа, никаков услов на домицилот или на претпријатие во земјата во која се бара заштита не може да се бара од припадник на Унијата, за да се ужива некое од правата на индустриска сопственост.

3) Изречно се изземаат одредбите на законодавството на секоја земја од земјите на Унијата, што се однесуваат на судската и административната постапка и на надлежноста, како и на изборот на домицилот или назначувањето на застапник, ако би се барале со законите за индустриска сопственост.


Член 3

Со припадниците на земјите на Унијата се изедначуваат припадниците на земјите што не и припаѓаат на Унијата, а што престојуваат или имаат фактични и сериозни индустриски или трговски претпријатија на територијата на една од земјите на Унијата.

***

Во прилог ви го доставуваме комплетниот текст за симнување.


Превземи

Објавено на 31.05.2011