| | Sitemap | EN | SQ
Сингапурски договор за правото на трговска марка
СИНГАПУРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРАВОТО НА ТРГОВСКА МАРКА

Објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.19/10

Член 1
Скратени изрази

Во овој договор, освен ако не е предвидено поинаку:
(i) „Завод“ значи тело на договорната страна кое е надлежно за регистрирање на трговските марки;
(ii) „регистрација“ значи регистрација на трговските марке од страна на заводот;
(iii) „пријава“ значи пријава за регистрација;
(iv) „поднесок“ значи која било пријава или кое било барање, изјава, допис или друга информација во врска со пријавата или регистрацијата, која се поднесува во заводот;
(v) „повикување на лице“ се толкува како повикување на физичко и правно лице;
(vi) „носител“ значи лице кое во регистарот на трговски
(xiii) „Договорна страна“ значи која било држава или меѓувладина организација која е страна на овој договор; (xiv) „Дипломатска конференција“ значи состанување на договорните страни заради ревидирање или измена на Договорот;
(xv) „Собрание“ значи Собрание според членот 23;
(xvi) повикувањата на „инструмент на ратификација“ се толкуваат како повикување на инструментите за прифаќање и одобрување;
(xvii) „Организација“ значи Светска организација за интелектуална сопственост;
(xviii) „Меѓународно биро“ значи Меѓународното биро на Организацијата;
(xix) „Генерален директор“ значи генерален директор на Организацијата;
(xx) „Правилник“ значи Правилникот од членот 22 од овој договор;
(xxi) повикувањето на „член“ или „став“, „потстав“ и „точка“ од членот се толкува како повикување на соодветните правила од Правилникот;
(xxii) „ТЛТ 1994“ значи Договор за право на трговска марка склучен во Женева на 27-ми октомври 1994 година.

Член 2
Трговски марки на кои Договорот се применува

(1) [Природата на трговските марки] Секоја договорна страна го применува овој договор на трговските марки што се состојат од знаци, кои може да се регистрираат како трговски марки според нејзиниот закон.
(2) [Видови трговски марки]
(a) Овој договор се применува на трговски марки кои се однесуваат на производи (стоковни марки) или услуги (услужни марки) или истовремено на производи и услуги.
(б) Овој договор не се применува за колективни марки, сертификатни и гарантни марки.

Член 3
Пријава

(1) [Податоци или елементи што се содржат во пријавата или се приложени со неа; такси]
(a) Секоја договорна страна може да бара пријавата да содржи некои или сите следни податоци или елементи:
(i) барање за регистрација;
(ii) име и адреса на подносителот;
(iii) име на државата чиј државјанин е подносителот, ако е државјанин на некоја држава, името на државата во која подносителот има престојувалиште, ако постои такво, и име на државата во која подносителот има стварно и ефективно индустриско или трговско седиште, ако постои такво;
(iv) кога подносителот е правно лице, правниот статус на тоа правно лице и државата, и кога е можно, територијалната единица во таа држава според чиј закон е организирано правното лице;
(v) кога подносителот има застапник, името и адресата на застапникот;
(vi) кога се бара адресата за услуга според членот 4 став (2)(б), таквата адреса;
(vii) кога подносителот сака да го искористи правото на првенство на претходна пријава, изјава во која се бара право на првенство од таа претходна пријава, заедно со наводите и доказите во прилог на изјавата за првенство, кои може да се бараат во согласност со членот 4 од Париската конвенција;
(viii) кога подносителот сака да искористи некоја заштита којашто произлегува од изложувањето на производите и/или услугите на изложба, изјава за таа цел, заедно со доказ како поткрепа на таа изјава, како што предвидува законот на договорната страна;
(ix) најмалку еден изглед на знакот, како што е пропишано со Правилникот;
(x) кога е можно, назначување, како што е пропишано со Правилникот, во кое ќе се посочи видот на трговската марка, како и сите други услови што се применуваат на тој вид трговски марки;
(xi) кога е можно, назначување, како што е пропишано со Правилникот, во кое се посочува дека подносителот сака трговската марка да биде регистрирана и објавена со користење на стандардните знаци од страна на заводот;
(xii) кога е можно, назначување, како што е пропишано со Правилникот, во кое се посочува дека подносителот сака да побара боја како дистинктивен елемент на трговската марка;
(xiii) транслитерација на трговската марка или на одредени делови од трговската марка;
(xiv) превод на трговската марка или одредени делови на трговската марка;
(xv) имињата на производите и/или услугите за кои се бара регистрација, групирани според класите на Ничанската класификација, со тоа што пред секоја група стои бројот на класата од таа класификација на која групата производи или услуги ú припаѓа, претставени според распоредот на класите на споменатата класификација;
(xvi) изјава за намерата за користење на трговската марка, како што е предвидено со законот на договорната страна.
(б) Подносителот може, наместо или покрај изјава за намерата за користење на трговрската марка од потставот (a)(xvi), да поднесе изјава за вистинското користење на трговската марка и доказ за тоа, како што е предвидено со законот на договорната страна.
(в) Секоја договорна страна може да побара плаќање такси на заводот во врска со пријавата.
(2) [Една пријава за производите и/или услугите во неколку класи] Една иста пријава може да се однесува на неколку производи и/или услуги, без оглед на тоа дали припаѓаат на една класа или на неколку класи од Ничанската класификација.
(3) [Вистинско користење] Кога е поднесена изјава за намерата за користење според ставот (1)(a)(xvi), секоја договорна страна може да бара од подносителот на пријавата, во рокот предвиден со законот на таа договорна страна, во согласност со минималниот временски рок пропишан со Правилникот, да достави до заводот доказ за вистинското користење на трговската марка, како што е предвидено со тој закон.
(4) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна, во врска со пријавата не може да бара да се исполнат други услови освен оние предвидени во ставовите (1) и (3) и во членот 8. Особено, во врска со пријавата во текот на постапката, не може да се бара следново:
(i) да се достави каква било потврда или извод од трговскиот регистар;
(ii) назначување дека подносителот врши индустриска или трговска дејност, како и да достави доказ за тоа;
(iii) назначување дека подносителот врши дејност која соодветствува со производите и/или услугите наведени во пријавата како и да достави доказ за тоа;
(iv) да достави доказ дека трговската марка е регистрирана во регистарот на трговски марки на друга договорна страна или на држава членка на Париската конвенција, која не е договорна страна, освен кога подносителот поднесува пријава за членот 6quinquies од Париската конвенција.
(5) [Докази] Секоја договорна страна во текот на испитувањето на пријавата може да бара да се достават докази до заводот, кога заводот има основано сомневање за вистинитоста на некој навод или елемент содржан во пријавата.

***

Во прилог ви го достатвуваме комплетниот текст за симнување.

 


Превземи

Објавено на 31.05.2011