| | Sitemap | EN | SQ
Договор за соработка на полето на патенти
ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА ПОЛЕТO НА ПАТЕНТИТЕ ( ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА )
Објавен во “Службен весник на РМ.” бр. 49/97) од 30 септември 1997 година

ВЛАДАТА на Страната договорничка ("Земјата"), преставувана од Абдименаф Незири, Министер за развој ЕВРОПСКАТА ПАТЕНТНА ОРГАНИЗАЦИЈА ("Организацијата"), претставувана од Инго Кобер, Претседател на Европскиот патентен завод (ЕПО) ПОВИКУВАЈЌИ СЕ на Конвенцијата за доделување на европски патенти од 5 октомври 1973 година (Европска патентна конвенција), и особено, на членот 33(4) од истата, на Законот за индустриска сопственост на Земјата, од 15 јули 1993 год, "Службен весник на РМ" бр.42/93 (3акон за индустриската сопственост"), особено на членот 8 став 3 ЗЕМЈАЌИ ГО ПРЕДВИД тоа дека Законот за индустриска сопственост на Земјата обезбедува степен на заштита сличен на оној кој постои во државите членки на Европската патентна организација, тоа дека Земјата ќе обезбеди систем со кој ќе се овозможи ефектите на европските патенти да бидат проширени на нејзината територија во склад со одредбите приложени кон овој договор ("Систем на проширување"), РАЗГЛЕДУВАЈЌИ ГО барањето на Земјата за административна поддршка од страна на ЕПО при применувањето на ваквиот систем УБЕДЕНИ дека соработката помеѓу Организацијата и Земјата е од взаемен интерес и ќе ја зајакне заштитата на индустриската сопственост во Европа,

СЕ СОГЛАСИЈА ЗА СЛЕДНОТО

 
Член 1

Предмет на договорот Страните договорнички ќе соработуваат во рамките на овој договор за понатаму да ја развијат инфраструктурата на ефикасен патентен систем во Земјата.

Член 2

Техничка соработка Во делокругот на своите можности Организацијата ЕПО ќе и помага на Земјата особено при:

а) обезбедувањето на основна обука и специјализација за вработените во нејзиниот Завод за заштита на индустриска сопственост ("Заводот") и за специјалисти од други владини тела чија работа вклучува патентни предмети;

(б) организирањето и развојот на нејзиниот систем на патентни застапници;

(в) развојот на соодветна документација за патентни информативни услуги;

(г) издавањето официјални публикации на Заводот; (д) модернизирањето на патентниот информативен систем;

(ѓ) воспоставувањето процесни системи на ажурирање на постапката за признавање и за администрирање на патентите.

***

 Симнете го комплетниот документот за повеќе детали.

 


Превземи

Објавено на 03.09.2013