| | Sitemap | EN | SQ
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ ЗА 2017 ГОДИНА

I.Вовед

Државниот завод за индустриска сопственост е управна организација со статус на самостоен орган на државната управа кој се финансира од сопствени приходи, a доколку се потребни дополнително средства и од буџетот на Република Македонија и е институција која е надлежна за спроведување на управна постапка за стекнување и одржување на правата од индустриска сопственост, но има и пошироки надлежности утврдени со Законот за индустриската сопственост ("Службен весник на Република Македонија" бр.21/2009, бр.24/2011, 12/2014, 41/2014, 152/2015 и 53/2016).


Надлежностите на Заводот се однесуваат и на иницирање на ратификации на меѓународни договори, следење на нивното извршување, соработка со меѓународни, европски и регионални организации за индустриска сопственост, соработка со други субјекти вклучени во системот на заштита на правата од индустриска сопственост, промоција на заштитата на индустриската сопственост и друго. Заводот ја претставува Република Македонија и учествува во работата на телата и комитетите на Светската организација за интелектуална сопственост - СОИС, Европската патентна организација - ЕПО, а исто така е вклучен и во меѓународната соработка во рамки на Европската Унија - ЕУ, Светската трговска организација - СТО и билатералните договори за слободна трговија.


Со Одлука на Владата на Република Македонија, Заводот е определен за раководење, со работната група за поглавјето 3.7. “Право на интелектуална сопственост“ во подготовката на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и подготовките за преговарачки позиции и е институција носител за подрачјата: 3.7.2.-Права на индустриска сопственост  и 3.7.3.-Спроведување.
Државниот завод за индустриска сопственост е институција која го координира процесот на зајакнување на целиот систем на развој и заштита на правата од индустриска сопственост, и системот на спроведување на заштитата на правата од индустриска сопственост.
Државниот завод за индустриска сопственост соочен со обврските кои произлегуваат од Законот за индустриската сопственост, но и пред се обврските од евроинтеграционите процеси, членството во Светската организација за интелектуална сопственост, Светската трговска организација и учеството во работата на Европската патентна организација, презема низа активности соодветно да одговори на поставените задачи на планот на хармонизација на легислативата, прифаќање на меѓународни договори и конвенции, зајакнување на билатералната соработка, учество во работните тела на организациите, освен на Светската трговска организација, како и активности на планот на афирмацијата и поттикнувањето на индустриската сопственост.

Сите активности кои ќе бидат превземени во текот на 2017 година ќе бидат насочени кон исполнувањето на:

Мисијата на Државниот завод за индустриска сопственост е да обезбеди услови за ефикасна и ефективана заштита на правата од индустриската сопственост и да го подигне нивото на заштита согласно високите меѓународни стандарди, како и активно да придонесува во креирањето на целокупниот систем на заштита и спроведување на заштитата на правата од индустриската сопственост. Така изградениот систем ќе претставува исполнет услов за интегрирањето во европските структури и ќе претставува моќна алатка за економски, културен и социјален развој на државата. За да ја реализира својата мисија, Заводот ќе обезбеди координирано, континуирано и ефикасно надградување на правната рамка, како и градење на кадровските капацитети, ќе биде активен член во градење на позицијата на државата во мегународните институции.
и
Визијата на Државниот завод за индустриска сопственост е да обезбеди систем на заштита согласно меѓународните стандарди и да претставува моќен инструмент за поттикнување на активностите на креативниот ум заради развој на стопанството, да ја заштитува индустриската сосптвеност, а со тоа рамноправно да ги штити и потрошувачите и авторите.

***


Превземи

Објавено на 12.01.2017