Во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во текот на 2007 година се поднесени 528 патентни пријави од кои 150 домашни и 378 странски. Бројот на поднесените патентни пријави во 2007 година во однос на 2006 година е зголемен за 14,3%. Зголемувањето на бројот на поднесените патентни пријави во 2007 година, пред се, се должи на зголемувањето на истите од домашните подносители.
Примената на Договорот за соработка на полето на патентите со Европската патентна организација предизвикува пренасочување на странските пријави преку овој договор. Поради динамичното одложување на националната фаза според правилата на Договорот, доага до опаѓање на странските пријави во 2000 и пред 2000 година, така да поголем дел од назначувањата според ЕПО се ефектуирани во 2003, 2004 година и пред овие две години, а помал дел ќе се ефектуираат и во наредните години.
Оваа промена се одрази и врз структурата на поднесените патентни пријави по извори во 2007, така што споредено со 2006 година остварено е намалување на
учеството на странските патентни пријави од 88,1% на 71,6%, а соодветно со тоа се менува и структурата по земји од кои потекнуваат пријавите. Во текот на 2007 година во Република Македонија, по однос на бројот на домашни патентни пријави постигнатo е зголемување. Бројот на домашните патентни пријави е зголемен, односно тој е зголемен од 55 во 2006 на 150 во 2007 година или за 172,7%, а учеството на истите во вкупниот број на поднесени патентни пријави е зголемено од 11,9% на 28,4%.
Меѓутоа, интересот на странските фирми и понатаму останува што се гледа од присутноста на назначувањата за Република Македонија како земја на интерес, како според PCT, а посебно по Договорот со ЕРО, иако истите значително се намалуваат.
Во прилог ви го доставуваме целосниот документ кој може да го симнете за повеќе детали.
Превземи