Почитувани читатели,
Во Државниот завод за индустриска сопственост, во 2017 година, продолжи трендот на зголемување на бројот на поднесени барања за признавање на правото на патент и достигна до 1003 пријави патенти пријави како и на пријави за индустриски дизајн додека вкупниот број на пријави за трговски марки остана на исто ниво како и претходната година. Првата половина од оваа година исто така измина и во знак на реализирање на активности предвидени во рамките на твининг проектот за данскиот Завод за патенти и трговски марки. Националната Стратегија за индустриска сопственост 2016-2018 која произлезе од проектот проектот Техничка поддршка за развивање на национална стратегија за индустриска сопственост 2016-2018 година, во октомври оваа година беше усвоена од страна на Владата на Република Македонија. По усвојувањето на Стратегијата за индустриска сопственост 2016-2018 и Акцискиот план за спроведување на истата, институциите кои се дел од Стратегијата отпочнаа со активности за реализирање на предвидените активности. Во јули 2017 година се одржа завршната конференција на твининг проектот Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост кој што беше реализиран со данскиот Завод за патенти и трговски марки. Инаку, во рамките на проектот беа реализирани сите задолжителни резултати и тоа: Понатамошно развивање на националната законска рамка за интелектуална сопственост и нејзино усогласување со EU acquis, Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) зс регистрација, заштита и спроведување на правата од ИС, Изготвување и спроведување на програма за подигање на јавната свест за важноста на заштитата и спроведувањето на правата од интелектуална сопственост кај сите чинители во системот за права од ИС, Подобрено функционирање на чинителите во системот за права од ИС кадешто методологијата за собирање и процесирање на статистичките податоци за спроведување ќе се земе како појдовна точка, Усогласено законодавство и постапки со EU acquis и најдобри практики во однос за царинското спроведување на правата од ИС и Зајакнување на оперативниот капацитет на Царинската управа во борбата против повредите на правата од ИС.
Во рамките на билатералната соработката со Европската патентна организација, во 2017 година, Заводот продолжи да учествува и да превзема активности во рамките на проектите Quality at source и Espacenet new. Во соработка со Светската организација за интелектуална сопственост, беше организиран семинар за најновите слушувања во Мадридскиот ситем во кој земаа учество застапниците од областа на индустриската сопственост и вработените од Заводот. Овој годишен извештај ќе ви даде увид во овие и други теми за нашите секојдневни различни задачи: да имате увид во статистичките податоци во однос на сите права од индустриска сопственост, патенти, трговски марки, индустриски дизајн, билатералната сосработка како и да дознаете повеќе за нашата вклученост во националните како и меѓународните саеми за пронајдоци, како и за други настани и кои услуги ги нуди Заводот. Се надеваме дека ќе уживате во читањето.
Превземи