| | Sitemap | EN | SQ
Годишен извештај за 2015 година

Во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во текот на 2015 година поднесени се 719 патентни пријави од кои 31 пријави се поднесени од домашни подноситеели и 688 од странски подносители. Бројот на поднесените патентни пријави во 2015 година во однос на 2014 година е зголемен за 25,4%. Зголемувањето на бројот на поднесените патентни пријави во 2015 година се должи на зголемувањето на истите поднесени од странски подносители. Од вкупниот број на пријави поднесени од странски подносители 139 пријави се EPO пријави (20.2%) додека останатите 548 се Euro PCT пријави (79.8%).

Во текот на 2015 година во Република Македонија, бројот на домашните патентни пријави е зголемен за само две пријави во однос на предходната година, и тоа од 29 пријави во 2014 година на 31 пријава во 2015 година. Доколку го споредуваме процентот на домашните пријави со вкупниот број на поднесени пријави во 2015 година со 2014 година, тогаш тој сооднос е намален, и тоа од 5.1% на само 4.3%, колку што изнесува процентот на домашни патентни пријави од вкупниот број на поднесени пријави во 2015.

Оваа промена се одрази и врз структурата на поднесените патентни пријави по извори во 2015, така што, споредено со 2015 година, остварено е зголемување на учеството на странските патентни пријави за 26,5%, а соодветно со тоа се променува и структурата по земји од кои потекнуваат пријавите. Во однос на минатата години, во 2015 година зголемен е бројот на пријави кои се поднесени од Америка (од 25% на 27%) и Германија (од 12% на 13 %).


Превземи

Објавено на 10.05.2016