Право на користење:
1. Ознаката на потеклото е колективно право и можат да го користат исклучиво правни и физички лица кои:
-имаат производ чиј географски назив е заштитен со ознака на потеклото;
-производниот процес во целост го извршуваат на географското подрачје кое е точно дефинирано во елаборатот и
- се запишани во регистарот на корисници како корисници на таа ознака на потеклото.
2. Географската ознака е колективно право и може да ја користат правни и физички лица кои:
-имаат производ чиј географски назив е заштитен со географска ознака;
-производството и/или преработката и/или подготовката на производот ја извршуваат на географското подрачје кое е точно дефинирано во спецификацијата и
- се запишани во регистарот на корисници како корисници на таа географска ознака