Решението за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив може да се укине:- по службена должност;- на барање на заинтересирано лице или јавен обвинител.Барањето за укинување решението за признавање на правото за користење се поднесува во писмена форма до Заводот и кон него треба да се достават потребните докази.Ако подносителот на барањето за укинување на решението за признавање на правото за користење на заштитен географски назив во текот на постапката се откаже од барањето, Заводот може да продолжи со постапката по службена должност.На лицето кое е запишано како овластен корисник во соодветните регистри му престанува правото за користење на заштитениот географски назив следниот ден од денот на правосилното решение за укинување на тоа право.
Учете како да пребарувате во нашите бази на податоци, и како да дојдете до вредните информации брзо и лесно!
Читај повеќе»
Тука може да ги најдете одговорени често поставените прашања од страна на луѓето! Читај повеќе
Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. Потребни ми се дополнителни информации