-Пријавата за заштита на географски назив содржи барање за заштита на географскиот назив со назнака дека се бара заштита со ознака на потеклото или со географска ознака.
-Пријавата за заштита на географски назив со ознака на потеклото покрај барањето за заштита на географски назив содржи елаборат за производот кој ќе се означува со географскиот назив.
-Пријавата за заштита на географскиот назив со географска ознака покрај барањето за заштита на географскиот назив содржи спецификација за производот кој ќе се означува со географски назив.
-Содржината на:
a. барањето за заштита на географскиот назив;
b. елаборатот и
c. спецификацијата
се утврдени со Правилникот за ознака на потекло на производот и географската ознака.