| | Sitemap | EN | SQ



На 22 септември 2014 година, Државниот завод за индустриска сопственост склучи Договор за соработка со Заводот за хармонизација на внатрешниот пазар OHIM

Државниот завод за индустриска сопственост учествуваше на 54то заседание на Генералното Собрание на Светската организација за интелектуална сопственост WIPO, што се одржа во седиштето на организацијата во Женева, Швајцарија.

За време на одржувањето на Собранието, поточно на 22 септември 2014 година, Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија склучи Договор за соработка со Заводот за хармонизација на внатрешниот пазар OHIM, со седиште во Аликанте, Шпанија. Со тоа Република Македонија се вклучува во хармонизираниот систем на оваа европска организација со кој се уредува заштитата на трговските марки и индустрискиот дизајн. Со оглед на тоа што Реппублика Македонија не е членка на Европската унија, таа се приклучува само делумно кон оваа организација и тоа на начин што ќе придонесе за поедноставно присоединување кога се во прашање овие права од индустриска сопственост.

Се очекува како резултат на соработката да се подобри капацитетот на Заводот за работа на овој план преку следење на систематизираните обуки кои ги нуди Организацијата, споделување на регистрите на заштитени и пријавени права од двете институции и учество во заеднички проекти со кои се обезбедува поедноставување на постапките за признавање на правата и подобрување и поедноставување на пристапот до информациите кои се однесуваат на системот на заштита на правото на трговска марка и индустриски дизајн.

09.10.2014


Галерија на слики