| | Sitemap | EN | SQ



ОДЛУКА НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ СОВЕТ

ОДЛУКА НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ СОВЕТ
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТАКСИТЕ И ПРИЛАГОДУВАЊА НА ИЗНОСОТ НА НАМАЛУВАЊЕТО НА ТАКАКСАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ ОД ПРЕБАРУВАЊЕТО ОНАМУ КАДЕ МЕЃУНАРОДНИОТ ДОПОЛНИТЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ПРЕБАРУВАЊЕТО Е ИЗГОТВЕН ОД ЕДНА ОД ЕВРОПСКИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ ОВЛАСТЕНИ ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ


27 Октомври 2011
Државен завод за индустриска сопственост Ирена Јакимовска, раководител на сектор


ОДЛУКА НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ СОВЕТ
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТАКСИТЕ И ПРИЛАГОДУВАЊА НА ИЗНОСОТ НА НАМАЛУВАЊЕТО НА ТАКАКСАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ ОД ПРЕБАРУВАЊЕТО ОНАМУ КАДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ПРЕБАРУВАЊЕТО Е ИЗГОТВЕН ОД ЕДНА ОД ЕВРОПСКИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ ОВЛАСТЕНИ ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ


АДМИНИСТРАТИВНИОТ СОВЕТ НА ЕВРОПСКАТА ПАТЕНТНА ОРГАНИЗАЦИЈА,
Врз основа на Европската патентна конвенција, а во врска со Членовите 33 став (2) точка г и 153 став (7),
На предлог од претседателот на Европскиот завод за патенти,
И мислењето на Комитетот за буџетот и финансии,
Го донесе следното:


Член 1


Членот 2 од Правилникот за таксите се менува и гласи:

Член 2

Такси предвидени со Конвенцијата и Правилникот

(1) Такси кои се уплаќаат кај Заводот според Членот 1, освен ако во ставот (2) не е поинаку преддвидено, се:

 

 

 
ЕВРА
1. Такса за поднесување (Член 78 став 2) каде 
- европската пријава на патент или меѓународната пријава се поднесени на образец (ЕПО Форм 1200) по електронски пат
115
- европската пријава на патент или меѓународната пријава за која образецот за влез во европска фаза (ЕПО Форм 1200) не е поднесен по електронски пат
200
1а. Дополнителна такса за европска пријава на патент која има повеќе од 35 станици (не сметајќи ги страниците кои кои се однесуваат на листа на секвенци) (Правило 38 став (2))
Плус 14 ЕВРА
 
за 36та и секоја наредна страница
2. Такса за пребарување за  
- европски или дополнителен европски извештај од пребарувањето за пријава поднесена на или по 1 Јули 2005 година (Член 78 став (2), Правило 62, Правило 64 став (1), Член 153 став (7))
1 165
- европски или дополнителен европски извештај од пребарувањето за пријава поднесена пред 1 Јули 2005 година (Член 78 став (2), Правило 62, Правило 64 став (1), Член 153 став (7))
840
- меѓународно пребарување (Правило 16.1 ДСП и Правило 158 став (1))
1 875
- дополнително меѓународно пребарување (Правило 45бис. 3(а) ДСП)
1 875
3. Такса за назначување на една или повеќе држави договорнички (Член 79 став (2)) за пријавите поднесени на или по 1 Април 2009
555
   
4. Годишни такси за одржување на европската пријава на патент (Член 86 став (1)), сметано од датумот на поднесување за:  
- Зта година
445
- 4та година
555
- 5та година
775
- 6та година
995
- 7та година
1 105
- 8та година
1 215
- 9та година
1 325
- 10та година
1 495
   
5. Дополнителна такса за задоцнето плаќање на таксата за одржување на европската пријава на патент
50% од таксата за годината за која
 
се врши уплатата
6. Такса за испитување (Член 94 став (2)) за:  
- пријава поднесена пред 1 Јули 2005 година
1 730
- пријава поднесена на или по 1 Јули 2005 година
1 555
- меѓународна пријава поднесена на или по 1 Јули 2005 година за која е изготвен дополнителен извештај од пребарувањето (Член 153 став (7))
1 730
   
7. Такса за признавање вклучително и такса за објава на европскиот патентен спис (Правило 71 став (3)), за пријавите поднесени на или по 1 Април 2009 година
875
   
8. Такса за објава на нов патентен спис на европскиот патент (Правило 82 став (2), Правило 95 став (3))
70
   
9. Дополнителна такса за задоцнето доставување на актите неопходни за одржување на европскиот патент во изменета форма (Правило 82 став (3), Правило 95 став (3))
115
   
10. Такса за приговор (Член 99 став (1), Член 105 став (2))
745
   
10а. Такса за ограничување на обемот на заштита или отповикување на заштитата (Член 105а став (1))  
- барање за ограничување
1 105
- барање за отповикување
500
   
11. Такса за жалба (Член 108)
1 240
   
11а. Такса за барање за повторно разгледување (Член 112а став (4))
2 760
   
12. Такса за продолжување на постапката (Правило 135 став (1))  
- во случај на задоцнето плаќање на таксата
50% од соодветната такса
- во случај на задоцнето постапување согласно Правилото 71 став (3)
240
- за сите останати случаеви
240
   
13. Такса за повторно воспоставување на правата/такса за враќање во поранешна состојба/такса за обнова (Правило 136 став (1), Правило 26бис.3(д) ДСП, Правило 49.6(д)(и)ДСП)
610
   
14. Такса за конверзија (Член 135 став (3) и Член 140)
70
   
14а. Такса за задоцнето уредување на листата на секвенци (Правило 30 став (2))
220
   
15. Такса за патентни барања (Правило 45 став (1), Правило 71 став (6) и Правило 162 став (1)) за пријавите поднесени на или по 1 Април 2009 година:  
- за 16то и секое последователно се до 50то
225
- за 51то и секое последователно
555
16. Такса за дефинирање на трошоците (Правило 88 став (3))
70
   
17. Такса за обезбедување на доказите (Правило 123 став (3))
70
   
18. Такса за пренесување на меѓународна пријава (Правило 157 став (4))
125
   
19. Такса за прелиминарно испитување на меѓународната пријава (Правило 58 ДСП и Правило 158 став (2))
1 850
   
20. Такса за техничко мислење (Член 25)
3 695
   
21. Такса за приговор за платена дополнителна такса (Правило 158 став (3) Правило 40.2(е) и 68.3(е) ДСП
830
   
22. Такса за преиспитување (Правило 45бис.6(ц) ДСП)
830
   
(2) За европските пријави на патент поднесени пред 1 Април 2009 година и меѓународните пријави кои се влезени во регионална фаза пред тој датум, висината на таксите дадени во Членот 2 точка 3, точка 3а, точка 7 и точка 15 од Правилата кои се однесуваат на таксите како што беа во сила до 31 Март 2009 се менуваат и гласат:  
3. Такса за назначување на секоја држава договорничка (Член 79 став (2), такса за назначување со која се смета дека се платени сите држави со уплата на седумкратен износ на оваа такса
95
3а. Заедничко назначување на таксата за Швајцарската Конфедерација и Линхештајн
95
   
7. Такса за признавање вклучително и такса за печатење на европски патентен спис (Правило 71 став (3)) кадешто пријавата содржи:  
7.1 не повеќе од 35 страници
875
7.2 повеќе од 35 страници
875 
Плус 14 Евра за 36та и секоја последователна страница
   
15. Такса за 16то и секое последователно патентно барање (Правило 45 став (1), Правило 71 став (6), Правило 162 став (1))
225”

Член 2

(1) Доколку извештај од меѓународното пребарување или дополнителен извештај од пребарувањето е изготвен од Австрискиот завод за патенти изготвил или согласно Протоколот за централизација од страна на Националниот совет за патенти и регистрација на Финска, Шпанскиот завод за патенти и трговски марки, Шведскиот завод за патенти и регистрација или од страна на Нордискиот патентен институт, таксата за дополнително европско пребарување на меѓународните пријави ќе биде намалена за 990 Евра.
(2) Ако намалувањето е во согласност со ставот (1), максималниот износ на намалувањето на таксата за дополнителен извештај од пребарувањето ќе биде еднаква на намалувањето врз основа на единствениот меѓународен извештај од пребарувањето изготвен од еден од органите наведени во ставот (1) на овој член.

Член 3

(1) Оваа одлука влегува во сила на 1 Април 2012 година

Член 4

Ќе се применуваат следните преодни одредби:
(1) Освен во случаевите од ставот (2) на овој член ќе се применуваат таксите од Членот 1 на оваа одлука за сите плаќања направени на или по 1 Април 2012 година.
(2) Новите износи кои се однесуваат на таксата за меѓународното пребарување и таксата за доставување за меѓународните пријави ќе бидат обврзувачки за пријавите поднесени на или по 1 Април 2012 година.
(3) Таксата ќе се смета за уредно платена доколку се плати во предвидениот рок од шест месеци сметано од 1 Април 2012 година само доколку износот соодветствува со тој од пред 1 Април 2012 година, а доказот за уплатата се достави во рок од 2 месеци од повикот за плаќање на Европскиот завод за патенти.
(4) Членот 2 на оваа одлука ќе се применува на меѓународните пријави поднесени до и на 30 Јуни 2013 година ако таксата за дополнителен европски извештај од пребарувањето е платена на или по 1 Април 2012 година.

Член 5


Членот 2 од одлуката ЦА/Д 19/09 од 28 Октомври 2009 (ОЈ ЕРО 12/2009,587) и одлуката ЦА/Д 12/09 од 28 Октомври 2009 (ОЈ ЕРО 12/2009,595) престануваат да важат на 1 Април 2012 година кога влегува во сила оваа одлука.
Берлин, 27 Октомври 2011 година



За Административниот совет
Претседател
Џацпер Конгштад

 

e9dd2555-bdae-4ea4-8ed1-b9a07cb338dd.zip Превземи


02.11.2011