| | Sitemap | EN | SQ



Македонските пронајдоци на Меѓународната изложба на пронајдоци
Македонските пронајдоци на Меѓународната изложба на пронајдоци, нови технологии и индустриски дизајн
22-29.05. 2013, Белград, Република Србија


Сојузот на пронајдувачи на Белград, традиционално веќе 33 години, ја организира Меѓународната изложба на пронајдоци, нови технологии и индустриски дизајн и по втор пат “Собир на млади иноватори“ - “ПРОНАЛАЗАШТВО – БЕОГРАД 2013“, што се одржа од 22 - 29.05.2013 година, во Галеријата на домот на воздухопловството и ПВО, во Белград-Земун, Република Србија.
На изложбата беа изложени 110 иновации селектирани од над десет држави, меѓу кои најмногубројни беа од Србија, потоа, Босна и Херцеговина, Македонија, Република Српска, Хрватска, Русија, Украина,Тајван и Египет.

Македонските пронајдувачи редовно учествуваат на изложбата, а оваа година СПАТУМ учествуваше со 9 пронајдоци, од кои 2 беа во категоријата на млади иноватори.

Во Меѓународната жири комисија учествуваа дванаесет членови, експерти од областа на науката и техниката. Комисијата работеше по претходно одредени критериуми и изложените експонати ги групира во 3 категории (пронајдоци, нови технологии и индустриски дизајн). По прегледувањето на изложените експонати, приложената документација од страна на авторите и нивната презентација, документацијата од Заводите за интелектуална и индустриска сопственост, комисијата донесе одлука за доделување на признанија и награди.

На свеченото доделување македонските пронајдувачи ги добија следните награди:

Златен медал со ликот на Никола Тесла:
“Композитен контејнер за лежиште“
Автор: Живко Ширкоски, Прилеп

Сребрен медал со ликот на Никола Тесла:
1. “ПЦТ долна облека за родилки“
Автори: Јасна Стојановиќ и Татјана Гуржанова, Скопје

2. “Елементи за универзално брзомонтажно скеле-платформа“
Автор: Веле Нелковски, Скопје
3. “Биоразградлива КИКИ саксија за растенија“
Автори: Др. Анита Грозданов и Митко Стојановски, Скопје

Бронзен медал со ликот на Никола Тесла:
1. “Синтеза на зеолит тип 4А од природна суровина ТРЕПЕЛ“
Автор: Благица Цекова, Скопјe
2. “Технологија за добивање ултрачист селен“
Автор: Владимир Јаќовски, Скопје
3.“Контејнерски електричен греач на течност“
Автор: Драгољуб Шешум, Скопје


Категорија на млади иноватори:

Сребрен медал со ликот на Никола Тесла:
“Добивање на биодизел“
Автор: Виолета Ингилизова, Општинско средно училиште
“Ацо Русковски“ од Берово

Бронзен медал со ликот на Никола Тесла:
“Нови материјали за пронајдување алтернативни извори на енергија-фулерени“
Автор: Христијан Аждерски, ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово

Државниот завод за индустриска сопственост доби две “Благодарници со ликот на Никола Тесла“.

Учеството на македонските пронајдувачи на оваа изложба го зголеми интересот на странските пронајдувачи, кои го најавија своето учество на “МАКИНОВА - ЕКОНОВА 2013“, што ќе се одржи во Скопје, во месец октомври оваа година.

 

 

05.06.2013