| | Sitemap | EN | SQ



Се одржува 66-та Генерална сесија на СОИС во Женева, Швајцарија

По посетата што директорот на ДЗИС ја направи на г. Aдел Баку, проект менаџерот за решенија за бизнис во канцеларијата на ИП на Светската организација за интелектуална сопственост во Скопје, денес продолжуваат состаноците во Женева, Швајцарија, за да се дискутира во детали потпишувањето на договорот за имплементација на ИПАС 4.0, којашто оваа организација им нуди решенија на земјите членки, користејќи ги најновите технологии што постојат во полето на ИТ, за да ја употреби ДЗИС како главна алатка за нивните потреби на дневна основа. Договорот се очекува да биде потпишан во месец Септември оваа година.

Продолжуваат средбите на директорот Незири со претставници од разни држави за да дискутираат за различни теми во областа на интелектуалната сопственост и да ја претстават што подостојно Северна Македонија во оваа толку важна организација на светско ниво.

16.07.2025


Галерија на слики