| | Sitemap | EN | SQ



62- то Генерално собрание на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO)

Претставници од Државен завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија од 04.10 до 08.10 2021 година, учествуваат на 62- то Генерално собрание на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO)  што се одржува во Женева, Швајцарија.

 На ова собрание што се одржува во услови на ограничувања поради Ковид 19, присуствуваат скорo сите земји и истото се одржува во хибриден формат.

Генералното собрание го отвори г. Дарен Танг, Генерален директор на светската организација за интелектуална сопственост (WIPO). Во поздравниот говор пред претставниците на земјите членки истакна две главни цели на оваа организација и тоа промовирањетона заштита а интелектуалната сопственост ширум светот и обезбедување на соработка помеѓу заводите за интелектуална сопственост.  

За време на одржувањето на ова собрание, претставниците на Заводот ќе одржат повеќе состаноци со повеќе претставници на Светската организација со цел да се зајакне соработката со оваа организација.

 

04.10.2021


Галерија на слики