| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа Меѓународниот саем за иновации во Истамбул - ISIF21, Република Турција

Во Меѓународниот саем за иновации (ISIF21) кој се одржа по 6-ти пат, од 21-26 септември 2021 во Истамбул, Република Турција, во организација на Министерството за индустрија и технологија, Турскиот завод за патенти и марки, Меѓународната асоцијација на пронајдувачи – IFIA и Светската организација за интелектуална сопственост – WIPO, пронајдувачите од Република Северна Македонија, преку Државниот завод за индустриска сопственост се претставија со своите најнови пронајдоци, за кои и беа наградени со Сертификати и мадали.

Меѓународниот саем за иновации (ISIF21) годинава се оджа во склоп на најголемиот светски фестивал за технологија и воздухопловство во Турција – TEKNOFEST, под покровиделсвото на Председателсвото на Република Турција, кој беше посетен од над 2 милиони посетители.

На свечениот дел од саемот, во која беа доделени многубројните награди и пофалници,  од страна на државниот советник на ДЗИС, г-дин Али Асани беше доделена пофалница за успешната организација на саемот како и за долгогодишната соработка со Турскиот завод за патенти и марки, која беше примена лично од директоротна заводот, Проф. Др. Хабиб Хасан.

30.09.2021


Галерија на слики