| | Sitemap | EN | SQ



Продлабочување на соработката меѓу Државниот завод за индустриска сопственсот и Министерството за внатрешни работи

Државниот завод за индустриска сопственост и Министерството за внатрешни работи ја продлабочуваат соработката во борбата против пиратеријата и прекршувањето на правата на индустриска сопственост.
На денешниот состанок меѓу директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше разговарано за улогата, активностите и пријавите по кои постапува Координативното тело за индустриска сопственост при ДЗИС како и понатамошната соработка меѓу институциите во делот на дигиталните медиуми и социјалните мрежи преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
Целта на ДЗИС е да се зајакне соработката меѓу Координативното тело и сите релевантни институции со цел да се забрза процесуирањето при решавање на предметите кои стигнуваат до Координативното тело. Само преку заедничка соработка и подигнување на јавната свест за потребата и бенефитите од заштита на правата на интелектуална сопственост може да се стопира прекршувањето на правата на интелектуална сопственост.

11.03.2021


Галерија на слики