| | Sitemap | EN | SQ



Шеснаести состанок на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција

Државниот завод за индустриска сопственост, како носител на Поглавјето 3.07 – Право на интелектуална сопственост, учествуваше на шеснесеттиот состанок на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција кој се одржа на 25 февруари 2021 година.
На состанокот се дискутираше за сите три работни групи кои се дел од поглавјето, и тоа Авторски и сродни права, Права од индустриска сопственост и Спроведување и борба против фалсификувањето и пиратеријата.
На едночасовниот состанок се дискутираше на следниве конкретни теми:
- Усогласување на национаниот закон за Авторското право и сродните права со Директивите 2014/26/EC, 2011/77/EC, 2012/28/EC и Договорот од Маракеш.
- Досегашната соработка на Државниот завод за идустриска сопственост со Заводот за ителектуална сопстеност на Европската унија како и целите и очекувањата од понатамошната соработка.
- Транспонирањето на Директивата 943/2016/EU за трговските тајни во националниот Закон за индустриска сопственост.
- Препораки за усоглсување со новите директиви на ЕУ во делот на индустрискиот дизајн.
- Проектот на ДЗИС за новата долгорочна национална Стратегија за интелектуална сопственост 2021-2026 како и посветената електронскa мрежа, електронското поднесување на пријавите како и на електронските сервиси.
- Сертификатите за дополнителна заштита – која е моментаната состојба во Законот за индустриска сопственост како и детални информации околу веќе поднесените и решените барања во Заводот.
- Активностите кои се превземаат со цел да и понатаму се продолжи со подобрување на сoработката помеѓу институциите надлежни за спроведување на правата од ИС како и
- спорот меѓу копнените и кабелските оператори предизвикан од измените на член 143 став 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Претставниците на Европската комисија беа задоволни од напорите и тоа што е постигнато досега во рамките на поглавјето 3.07 – Право на интелектуална сопственост.

26.02.2021